-->
-->
Примера: Селта не успеа да избие на првото место
-->

Во првиот дуел од седмото коло во Примера Селта синоќа одигра 0:0 на домашен терен со Хетафе и со тоа испишти шанса барем до денешните натпревари да биде лидер на табелата. Инаку ова е шести дуел на Селта без пораз, додека Хетафе го одигра првиот нерешен резултат во првенството сезонава. Селта по освоениот бод е втора, зад Виљареал, додека Хетафе е на 11.место.
Денеска се играат пет натпревари од оваа рунда: Севиља - Барселона, Гранада - Депортиво, Еспањол - Хихон, Лас Палмас - Еибар и Малага - Реал Сосиедад.
Дербито на колото се игра в недела меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а покрај овој дуел истиот ден играат уште и Рајо Ваљекано - Бетис, Атлетик Билбао - Валенсија и Леванте - Виљареал.
Табела: Виљареал 16 бодови, Селта 15, Барселона 15, Реал Мадрид 14, Атлетико Мадрид 12, Депортиво 11,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
