-->
-->
Примера: Реал Мадрид со триумф над Реал Сосиедад
-->
Лидерот на табелата во Примера Реал Мадрид оствари нова победа во Примера и по киксовите на конкурентите за титулата (Барселона и Севиља) ја зголеми разликата на врвот на табелата. „Кралскиот клуб“ поведе со голот на Матео Ковачиќ во 38.минута. На 2:0 зголеми Кристијано Роналдо во 51.минута, а конечните 3:0 ги постави Алваро Мората во 82.минута. Реал Мадрид сега има четири бодови повеќе од конкурентите.
Резултати на натпреварите од 20.коло од Примера: Бетис – Барселона 1:1, Еспањол – Севиља 3:1, Атлетик Билбао – Хихон 2:1, Реал Мадрид – Реал Сосиедад 3:0, Леганес – Селта 0:2, Еибар – Депортиво 3:1, Алавес – Атлетико Мадрид 0:0, Виљареал – Гранада 2:0 и Осасуна – Малага 1:1.
Вечерва се игра натпреварот Лас Палмас – Валенсија.
Табела: Реал Мадрид 46 бодови, Барселона 42, Севиља 42, Атлетико Мадрид 36, Реал Сосиедад 35, Виљареал 34,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно