-->
-->
Примера: Продолжува трилингот за шампионскиот трофеј
-->
Барселона, Атлетико и Реал забележаа победи во натпреварите кои се одиграа во рамките на 36.коло во Примера.
Реал, во Сан Себастијан, ја отвори програмата и славеше тешка победа со голот на Бејл во 80.минута. Реал на овој меч настапи без Роналдо, Бензема и Крос.
Атлетико исто така минимално славеше над Рајо Ваљекано. Без тренерот Симеоне и со само четворица од стартниот состав, бодовите на Атлетико му ги донесе Гризман со својот 21-ви сезонски гол. Францускиот репрезентативец во игра влезе 40-тина екунди пред да го постигне голот.
Барселона, во второто полувреме стигна до победата 2-0 над Бетис. Ракитиќ во 50-та и Луис Суарез во 81-та минута г постигнаа головите. Бетис од 37-та минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Вестерман. Германецот за само седум минути доби два жолти картони.
На две кола до крајот на Примера, Барселона и Атлетико имаа по 85 бодови, а Реал 84.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ