Фудбал
8. December 2015 - 9:20

Примера: По бод за Еспањол и Леванте

Екипата на Еспањол не успеа да ја искористи предноста домашниот терен и да го совлада последно пласираниот Леванте. Во натпреварот одигран синоќа во Барселона, а со кој беше комплетирано 14.коло на шпанската Примера, екипите на Еспањол и Леванте одиграа нерешено 1:1.
 
Леванте поведе уште во 6.минута со голот на Колумбиецот, Џеферсон Лерма. Домашниот тим го израмни резултатот на 1:1 во 56.минута со голот на Жерард Морено.
 
Со поделбата на бодовите, Еспањол сега е на 12.место со 17 бодови, а Леванте со 11 бода сега е претпоследен со бод повеќе од Лас Палмас.
 
Резултати од 14.коло во Примера: 
Спортинг Хихон - Лас Палмас 3:1,
Виљареал – Рајо Ваљекано 2:1,
Сосиедад – Еибар 2:1,
Бетис – Селта Виго 1:1,
Депортиво Ла Коруња – Севиља 1:1,
Валенсија – Барселона 1:1,
Гранада – Атлетико Мадрид 0:2,
Реал Мадрид – Хетафе 4:1,
Еспањол – Леванте 1:1.
 
Табела: Барселона 34 бодови, Атлетико Мадрид 32, Реал Мадрид 30, Селта Виго 25, Виљареал 24, Депортиво Ла Коруња 22, Атлетик Билбао 21,...