Примера: Пенал победа за Барса

Барселона го совлада Леганес со 2:1 во претпоследниот натпревар од 23.коло во Примера. Сензација на „Ноу Камп“, спречи Меси кој погоди од пенал во претпоследната минута од натпреварот.
Барселона постигна гол уште во четвртата минута, кога Меси ја заврши акцијата која ја започнаа Нејмар и Луис Суарез. Потоа Каталонците пропуштија неколку добри шанси, а кога не и реализираа Леганес започна опасно да се заканува кон голот на Тер-Штеген.Германецот беше совладан во 71.минута кога Лопез израмни на 1:1.
Во препоследната минута Нејмар влезе во шеснаесетникот на противникот со намера да избори пенали и успеа во тоа, сигурен реализатор беше Меси.
На претходните натпревари Валенсија го совлада Атлетик Билбао со 2:0, Селта лесно се справи со Осасуна и славеше 3:0, а во дербито Виљареал во 94.минута успеа да постигне гол и со 1:0 да слави во Сан Себастијан над Реал Сосиедад.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
