-->
-->
Примера: Барселона тешко дојде до победата
-->
Фудбалерите на Барселона потешко од очекувањата го победија Реал Сосиедад и ја продолжија потерата по водечкиот Реал Мадрид. На натпреварот одигран синоќа на „Камп Ноу“, каталонскиот тим победи со 3:2. Сите пет гола паднаа во првото полувреме, а во вторите 45 минути гостинскиот тим пропушти неколку убави шанси за изедначување.
Претходно Реал Мадрид со истиот резултат го совлада Спортинг Хихон.
Резултати на петте одиграни од 32.коло во шпанската фудбалска Примера дивизија:
Атлетик Билбао – Лас Палмас 5:1,
Депортиво Ла Коруња – Малага 2:0,
Атлетико Мадрид – Осасуна 3:0,
Спортинг Хихон – Реал Мадрид 2:3 и
Барселона – Сосиедад 3:2.
Денес играат:
Леганес – Еспањол,
Валенсија – Севиља,
Бетис – Еибар и
Гранада – Селта Виго.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбата меѓу Алавес и Виљареал.
Табела: Реал Мадрид 75 бода, Барселона 72, Атлетико Мадрид 65, Севиља 61, Виљареал 54, Атлетик Билбао 53,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ Кавадарци, предизвикале вкупна штета од 1.669.019.482 денари
-
Приведени двајца крадци од гостиварско
-
Зеленски изрази незадоволство од светските лидери
-
Работник од Делчево почина по пад во фабрика
-
Бoрис Џoнсoн: Кирк бeшe убиeн зaтоa штo го зборуваше она што некогаш беше здрав разум
-
Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“
-
Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја
-
САД ја одбележуваат 24-годишнината од нападите на 11 септември со церемонии и оддавање почит