Применета биоинформатика – иднината на лекувањето
Биоинформатика е наука што се занимава со проучување на софтверските системи на биолошките организми, а подразбира: декодирање, зачувување, модулирање и пренесување на биолошки активни софтверски бази.
Применета Биоинформатика подразбира употреба на биолошки активни клеточни софтверски програми наменети за лекување и излекување на патолошки состојби кај сите живи организми.
Во Скопје функционира Центар за Биоинформатика, воден од Татјана Илијевска и Кристијан Давидовски, специјалисти по комплементарна и алтернативна медицина.
Тие, од досегашните искуства можат да се пофалат со многу успеси при третирање на различни патологии меѓу кои и алергиски заболувања, спектар аутизам, астма, ХОБ, канцерогени состојби, гастроинтестинални заболувања-гастрит, колити, проблеми со скелетокоскен систем-гонатроза, дископатија, ишијалгија, периартрит, карпал тунел, невролошки пореметувања и состојби-депресија, нервоза, несоница, воспаление на средно уво, вртоглавици, нарушување на функција на очи-макуларна дегенерација, спортски повреди, регенерација на генитални органи, висок крвен притисок, регенерација на кожа на лице и тело, проблеми со циркулација…
Имено, досега имаат успеано да направат регенерација на нервен систем, по мозочен удар, како и регенерација на макула кај сува Бестова дистрофија, што класичната медицина, со соодветните познавања досега, смета и тврди дека тоа е апсолутно невозможно.
Илијевска и Давидовски, истакнуваат дека целиот организам, односно сите органи, можат да се регенерираат.

– Принципот на функционирање на човечкиот организам, за поедноставно да се појасни, може да се каже дека е составен како хардвер и софвер. Софверот е оној „невидлив“ дел од еден сложен систем, како софтверот кај компјутерот или телефонот, што ние не го гледаме физички, а е присутен и неопходен за тој систем да функционира, посочи Давидовски.
Наведе дека, проучувањето и познавањето на клеточниот програмски јазик на нив им овозможува да „прочитаат“, и да им се обратат на клетките со истиот програмски јазик, се со цел да им дадат инструкција и насока како да се вратат во нормална функција или да се регенерираат.
– Софтверот за регенерација постои во сите клетки на човековиот организам и тој е несвесно активиран во одредени состојби, на пример кога имаме исеченица на кожата, тие клетки брзо се регенерираат и раната се затвора, појасни Илијевска.
Рече дека, сите клетки имаат иста ДНК што значи дека сите клетки го имаат и софтверот за регенерација, нагласувајќи дека главната цел на Применетата Биоинформатика е активирање на софтверот за регенерација во одредени клетки кога тоа е потребно.

– Биолошките-програмски јазици денеска ги користиме се со цел да постигнеме промена на функција на органите преку информирање, односно давање на инструкции на клетките како треба да постапат. Значи денес не се користи хемиска супстанца за да се промени, надополни или измени дисбалансот или хемискиот дисбаланс во организмот за да се излекува така наречана состојба што ја има, односно дијагоноза, наведе Давидовски.
Во Центарот за Биоинформатика тие имаат можност да направат функционална дијагностика на сите органи. Мерат акциски потенцијал на мембрана на клетка на истиот принцип како што се мери со ЕКГ или ЕЕГ апаратот, меѓутоа за целиот организам.
– Врз основа на тоа ние увидуваме што се случува во организмот, односно кој орган на кој начин функционира. Познавајќи ги биолошките програмски јазици на секој орган поединечно ние можеме врз основа на дијагностиката, не само наша, туку и на стандардната дијагностика, како ЕХО, ЕКГ или веќе поставена дијагноза, да им се обратиме на тие органи или клетки на истиот нивен програмски јазик, нагласи Давидовски.
Посочија дека „информациите“ што треба да ги добие организмот се внесуваат во микропроцесор што се носи прилепен на кожата.
Од досегашните искуства, тие имаат направено и готови биоинформатички терапии за над 30 заболувања, меѓу кои и гастрит, воспаленија и болки на ’рбет, гонартроза, висок крвен притисок, несоница, биоиформатички комплекс за регенерација нервен систем,повреди на екстремитети, алерии, хемороиди…
Центарот за Биоинформатика во Скопје е еден од малубројните кои функционираат во светот, а нашите граѓани ја имаат можноста токму туку да се лекуваат и да ги уживаат сите можности кои ги нуди.
Симона Митровска/МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Здравство преку СМС ќе ги информира граѓаните од засегнатите општини како да се заштитат од западнонилска треска
-

Анализите од ЦЈЗ Тетово покажале исправна вода, Клековски: Да се објават и останатите резултати
-

Пожарот во Мариово ќе гори со денови, ако ја премине Црна или патот ќе прерасне во најголем пожар во регионот
-

Охриѓанецот Дарко со владин авион транспортиран во Берлин
-

Средба Муцунски – Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ приоритет за Чешка
-

Во завршна фаза реконструкцијата на шест училишта во кои ќе се воведе едносменска настава од септември
-

За школски прибор се потребни до 10.000 денари, утре ќе се знае дали ќе има „училишна кошничка“

