Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски позитивен на Ковид-19

Засега се чувствувам добро. Имам само повисока температура и болки во мускулите и чувствувам изнемоштеност, изјавил во телефонски разговор за МИА прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој синоќа го добил позитивниот тест на коронавирусот и е во домашна изолација.
Јованоски вели дека се посомневал дека може да ги има симптомите по покачената телесна температура.
– Имав температура од 37,2. Се посомневав на симптоми иако немав загубен вкус и мирис. Тестот покажа дека сум позитивен, најверојатно вирусот сум го добил по контакт со позитивен зашто изминатите денови имавме некои состаноци. Сега температурата е 37,6, нема некои проблеми, примам терапија и сум во домашна атмосфера, вели Јованоски.
Јованоски кој е и специјалист-ортопед по професија и кој во време на пикот на пандемијата во октомври и ноември минатата година волонтираше во приемниот оддел на инфективното одделение, апелира на почитување на заштитните мерки. Особено да нема собирања на младите и по кафулињата.
– Апелирам да се почитуваат сите заштитни мерки. Особено тоа да биде меѓу младите, да не се групираат, да не заседнуваат во кафулињата. Зголемениот број новозаразени во Прилеп е главно поради непочитувањето на мерките и новите бројки се последица, во голем дел, поради собирањата за празникот „Свети Трифун“. Факт е дека новиот, „британски сој“ побрзо се шири и уште поголема опомена е да нема групирања и да се почитуваат мерките, порачува прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој е во домашна изолација, од синоќа позитивен на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
