Македонија
13. March 2019 - 10:42

Прилепчанка тешко повредена во сообраќајна несреќа

Тешка несреќа во Прилеп, 29-годишна итно пренесена во болница. Како што информираат од полицијата, вчера во 19.20 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(54) од Прилеп, удрило во пешакот К.Ј.(29) од Прилеп. К.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.