Македонија
25. January 2016 - 13:25

Прилепчанец со „југо“ се заби во куќа

Вчера во 18.10 часот во Прилеп С.М. (34) од Прилеп, движејќи се со патничко моторно возило „Југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа на ул. „Сремски фронт“.

 Во незгодата С.М. се здобил со тешки телесни повреди и е задржан во ОБ Прилеп на понатамошно лекување. С.М. го управувал возилото иако не поседувал возачка дозвола за управување на моторни возила, а воедно и сообраќајната дозвола не му била со продолжена важност. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Прилеп.