Македонија
29. јуни 2017 - 17:26

Прилеп на + 40 степени

Енормно високите температури кои во градот под Марковите Кули вчера и денеска се искачија блиску до 40-от степен Целзиусов, ги натераа прилепчани сериозно да ги почитуваат препораките на лекарите, особено и заради фактот што олку високите температури за овој период од годината, не се баш својствени за Прилеп.
 
Од Службата за Итна помош пак, велат дека бележат благо зголемување на интервенциите при што граѓаните најчесто се жалаат на: хипертензија, стомачни вируси, поизразено срцебиење, зголемена телесна температура, а евидентирани се и мозочни удари. Оттука, тие инсистираат, граѓаните строго да се приджуваат до препораките од надлежните, а особено тоа важи за хроничните болни, трудниците и повозрасните граѓани.