Македонија
1. December 2020 - 13:23

Прилеп: Могилата на непобедените оставени на забот на времето

Испукани и искршени постаменти на бистите во Алејата на Народните херои, раскопани патеки по кои на места не може ниту нормално да се оди од толку што се оштетени. Распукана и самата крипта каде почиваат останките на над 600 партизани од Прилеп кои својот живот го дадоа во НОБ за слобода на Македонија, а комплетно е уништено и осветлувањето околу неа. Во ваква состојба се наоѓа Меморијалниот комплекс – Могилата на Непобедените во Прилеп, споменик изгаден во далечната 1961 година, чииј автор е српскиот архитект Богдан Богдановиќ.

Но од 1961 година, па се до денес, скоро и ништо да не се направило за зачување на споменикот кој полека го јаде забот на времето и каде е потребно итно реновирање. Ниту една власт додега не направила интервенции на спомениците. Од Заводот и Музеј Прилеп признаваат дека на Могилата ништо не е направено со децении и велат дека било планирано проширување на Алејата на Народни херои, каде сега има 10 бисти, со уште 5 бисти на народни херои кои починаа после 1945 година. А тоа ќе опфатело и реконструкција на целиот Парк на револуцијата. Но бидејќи станува збор за Меморијален комплекс за екоја интервенција тука требало дозвола да даде Собранието на РМ.

„Постаментите на сите бисти се веќе испукани и тие бараат итно да се интервенира на целиот комплекс. Бевме на увид таму и добивме информација од локалната дека има тенденција да се прошири Алејата на Непобедените со уште 5 првоборци кои се починати после војната. Локалната самоуправа треба да се обрати до Собранието на РМ бидејќи е Меморијален споменик ии во оваа ситуација Собранието донесува одлука и тие дозволуваат спрема законот дали може да се надополни тој споменик, дали може да се дислоцира или реновира“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

Од Заводот и Музеј Прилеп се надеваат дека доколку добијата дозвола овој поголем зафат на Могилата во Прилеп да се изведе во текот на наредната година.