Прилеп: Ликовна изложба на Силвана Атанасовска
Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утревечер ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Силвана Атанасовска од Скопје.
Изложбата е насловена „Емоционални записи“ и ќе биде отворена од 19 часот. Атанасовска пред прилепската публика ќе се престави со 10 слики, масло на платно работени последнава година.
Како што информираат од Центарот за култура, Атанасовска инспирацијата за делата ја наоѓа во внатрешниот космос на човекот, во емоциите кои луѓето ги доживуваат и ги искажуваат во ова време на живеење.
Силвана Атаносовска досега имала самостојни изложби во Скопје, учествувала на преку десет групни изложби на ликовни колонии во Србија и во Македонија.
Со оваа ликовна изложба, Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја заокружува ликовната дејност за 2015 година.
Ново на Сител
-
Зеленски: Некој што сака преговори намерно не пука во луѓе со балистички проектили
-
Од полноќ поевтинуваат горивата
-
Кремљ: Важно е некој да го принуди Зеленски да го промени својот став
-
Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски
-
Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“
-
Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија
-
ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година
-
Отворено писмо на поранешните полски дисиденти до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата