Приказната за битолските Евреи оживеана преку современи информатички алатки
Трагичните настани од историјата покрај емоциите и болката создаваат и сила и храброст да се продолжи напред и да се гледа кон идните генерации кои ќе ја претворат тагата во инспирација.Им честитам на креаторите на идејата да ја комбинираат најголемата катарастрофа во човековата историја во инспирација да се чекори напред. Благодарам што не потсетивте сите нас дека постои надеж.
Ова го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринка вечерва во Скопје на завршна конференција на Биталон - првиот хакатон во Македонија, кој што има за цел на иновативен начин, со информатички алатки, да ја раскаже, а со тоа и да ја оживее, приказната за македонските Евреи.
Таа при тоа се осврна на заложбите и политиката на Владата, на силата на идеите да им даде повеќе шанса и повеќе поддршка.
- Како држава и како Влада мора да поддржуваме и продолжуваме да даваме поддршка за отварање нови работни места, но нашиот фокус сакаме да го поставиме на следните 10-15 години да создаваме шанси за работни места кои ќе носат повеќе пари, кои ќе даваат шанса на умот, а помалку на мануелната и трудоинтензивна работа...Сакаме да инвестираме во Македонија, која мисли, која создава, која знае добро да се продаде и која има што да му понуди на светот, рече Шекеринска.
На манифестацијата се обрати и израелскиот амбасадор во Македонија Дан Оријан, кој истакна дека таа претставува остварување на исклучителен сон каде група од над сто млади луѓе, под менторство на истакнати личности од Израел, ќе се обидат да ја раскажат приказната на македонските Евреи, но на начин интересен за младите генерации.
- Во време кога ја одбележуваме депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија, од кои 3.013 Евреи од Битола, во логорите на смртта во Треблинка, она што треба да го направиме е да ја раскажеме нивната приказна, затоа што никој друг не може тоа да го стори, оти многу малку евреи се останати овде. Но, тоа треба да го направиме на начини кои ќе бидат интересен за младите. Токму затоа го организиравме Хакатонот во Битола и задоволни сме што тој успеа и овозможи соработка на многу луѓе од двете земји... Во овој хакатон, сите сме победници, Македонија е победник, вели амбасадорот Оријан.
„Биталон“ е првиот хакатон во Македонија, кој има за цел на иновативен начин, со информатички алатки, да ја раскаже, а со тоа и да ја оживее, приказната за битолските Евреи преку Еврејските гробишта и Паркот на живите во Битола. Натпреварот започна изминатиот викенд во Битола, а проектите изработени од учесниците на Хакатонот вечерва ќе бидат презентирани. Тие ќе бидат оценувани од Комисија од еминентни експерти и личности од Израел и Македонија, кои ќе ги одберат најдобрите и кои ќе бидат наградени со патување во Израел.
Хакатон натпреварот е под покровителство на Министерството за надворешни работи на Израел и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола.
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев