„Приказна за хероите во мојот град" вечерва во Кичево
Со промоција на проекти изработени од млади лица во рамките на програмата „Црвен крст во акција - промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ), како и со мотивациски говори на успешни граѓани, вечерва во Кичево беше одржан настанот „Приказни за хероите во мојот град“, во организација на Црвен крст-Кичево.
Ивана Лазеска, претставничка од Црвен крст-Кичево, наведе дека со проектите на младите Кичевчани добиле помош неколку семејства. За семејствата биле обезбедени апарати за домаќинство, хигиенски и прехрамбени производи и слично.
- Овој оригинален ЦКА-ПХВ настан дојде како круна на одбележувањето на неделата на промоција на хумани вредности кои се реализира во Домот на култура во Кичево, рече Лазеска.
Од Црвен крст-Кичево велат дека младите се дружат меѓу себе, подобро се запознаваат, ги откриваат и зајакнуваат своите способности, таленти и квалитети, ја изразуваат својата креативност во организирањето активности преку кои обезбедуваат средства за остварување на нивната цел-помош на ранливата категорија граѓани.
Посочуваат дека младите менувајќи ја својата дневна рутина преку организираните активности во програмата се трудат и често пати успеваат да ја сменат суровата реалност на одредени социјално загрозени лица.
ЦКА-ПХВ е национална програма со што се обучуваат млади на возраст од 14-18 години да изготвуваат проекти со кои ќе помагаат на целни групи на кои им е потребна помош.
Ново на Сител
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција