Прикажани документарни видеа од хрониките на Институтот за истражување и архивирање музика
Видеа снимени од студентите и професорите на одделот и насоката за сонологија со мултимедија од Факултетот за музичка уметност денеска беа прикажани во Концертната сала на факултетот. Хрониките најнапред биле снимани во рамки на Институтот за истражување и архивирање музика (ИРАМ), а потоа продолжени во Архивот Бужаровски (BuzAr http://buzar.mk).
Тие содржат околу 200 кратки видеа со документарен карактер, снимени во периодот од 2001 до 2003 година и во академската 2004/2005 година за најразлични музички настани одржани на ФМУ, но и надвор од факултетот.
Хрониките од тој период содржат документарци за концертната активност на студентите и професорите на ФМУ, нивни настапи за разни поводи - годишнини на Факултетот, комеморации за македонски музички автори, документирани сведоштва за научните конференции на ИРАМ, одбрани на магистерски и докторски дисертации, промоции на дигитализираните колекции со музички фолклор, промоции на книги, компакт-дискови, презентација на музички проекти...
Професорот Димитрије Бужаровски рече дека направил избор од кратки и подолги филмови. Хрониките се, како што рече, информации за настаните што се случиле пред 15-ина години во кои има интересни детали за поранешните генерации студенти на ФМУ.
Денешната беше втора од низата проекции со кои се одбележуваат 15 години од започнувањето на наставата на одделот и насоката за сонологија со мултимедија при ФМУ, која ја водат проф. Димитрије Бужаровски и доцент Трена Јорданоска.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“