Пријавени случаи на гласачки поткуп
Во полициската станица Крива Паланка се пријавени два случаи на организиран превоз за гласање, а има и четири пријави за агитирање кон гласачи и тоа, на ул.„8-ми Октомври“, на ул.„Јоаким Осоговски“, како и во с.Узем и с. Нерав. Агитирање е пријавено и во СВР Струмица, во с. Пиперево и во Нов Дојран, а во село Самоилово наводно едно лице упатувало закани кон друго лице да гласа за политичка партија. ВоПолициското одделение Ново Село граѓанин пријавил дека едно лице од Ново Село одзело лична карта на друго лице и гласало во негово име“, соопшти Ангеловски. Во Полициската станица Радовиш, Ф.В. од Радовиш пријавил дека Б.И. од Радовиш му нудел пари за глас, а во СВР Битола, Е.Е. пријавила дека непознати лица и нуделе пари за глас. Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник, кој обезбедува избирачко место во училиште во село Дебреште, им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на избирачкото ливче. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола. „Во СВР Тетово, пак, било пријавено дека во ОУ „Коста Рацин“ во с.Брвеница, тетовско, имало неколку непознати лица кои ги запишувале граѓаните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси
-
ИКС: Наративот на политичарите штетно влијае на менталното здравје на граѓаните