Пријавата за упис во средно идната недела учениците да ја преземат од веб-страницата на МОН
Учениците кои идната недела ќе се запишуваат во средните училишта, заедно со целокупната потребна документација наведена во Конкурсот треба да носат и пријава која може да ја преземат од веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.
Формуларот за пријавување е достапен на четири (наставни) јазици – македонски, албански, турски и српски. Потребно е секој ученик да го испечати, пополни и да го достави до училиштето заедно со останатите документи.
Уписите во средните училишта за учебната 2020/2021 година ќе бидат идната недела и ќе се спроведат согласно со насоките од Протоколот усвоен од Владата по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести, кој е проследен до сите училишта.
Првото пријавување ќе биде на 16, 17 и 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот, како и на 19 јуни од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, може да организираат пријавување на учениците само во деновите 16 и 17 јуни. Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот.
Во средните училишта за уметничко образование, пријавувањето на учениците ќе се реализира на 16 и 17 јуни, а во деновите 18 и 19 јуни ќе се организира квалификациски испит согласно со донесените протоколи.
Од МОН посочуваат дека секое училиште има обврска во рамки на утврдениот период (од 7 до 19 часот за сите три дена, односно од 7 до 13 часот на 19 јуни), да определи интерен временски период за прием на документите, да објави распоред за прием на документите според азбучен ред од презимето и нив да ги објави на јавно место во училиштето најдоцна до 12 јуни 2020 година.
Ново на Сител
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
-

Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
