Пријател на напаѓачите од Сан Бернандино обвинет за соучесништво во нападот
Американската полиција синоќа уапси еден пријател на брачната двојка која на 2 декември уби 14 лица во местото Сан Бернандино во Калифорнија, под обвинение за поврзаност со нападот.
Енрике Маркез (24) е обвинет дека заедно со еден од сопружниците, Сијед Фарук, „подготвувалзаговор“ за терористички напад врз Универзитетот во Сан Бернадино, прво во 2011, а потоа и во 2012 година.
Тој е обвинет и затоа што им обезбедил пушки и муниција на брачната двојка Фарук и Тавен Малик, но полицијата соопшти дека засега нема сознанија оти Маркез бил директно вклучен во нападот.
Според кривичната пријава на полицијата, обвинетиот Маркез самиот се јавил кај безбедносните служби неколку часа по нападот во Медицинскиот центар за лица со посебни потреби, откривајќи дека нападот е извршен со „неговите пушки“.
Подоцна на сослушувањето тој детално ги објаснил плановите за терористичките напади, што сепак никогаш не се случиле.
Во Универзитетот во Сан Бернандино каде студирале, Маркез и Фарук планирале да се постават бомба, а по експлозијата да почнат да ги убиваат студентите кои ќе се обидат да побегнат.
Маркез и признал на полицијата дека тој ги купил пушките, затоа што оцениле дека така е побезбедно, бидејќи тој како „белец“ полесно ќе го купи оружјето отколку црномурестиот Фарук.
Двајцата минувале многу време заедно во куќата на Фарук, читајќи и слушајќи милитантна исламистичка литература, меѓу кои и унтернет списанието на Исламска држава и на тој начин се радикализирале.
Маркез е обвинет и за лажен брак со блиска роднина на Фарук за што секој месец добивал паричен надомест. Тој работел како обезбедување во еден голем супермаркет и постојано сонувал да стане маринец.
Ново на Сител
-
Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0
-
ЦУК: За гасење на пожарот во „Дрисла“ не може да дејствува ер-трактор поради опасност од дополнително разгорување
-
Вучиќ: Згрешив што ги нареков европратениците олош - мислам многу полошо за нив
-
Трамп му дал зелено светло на Израел за напад врз раководството на Хамас во Катар
-
Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно
-
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-
„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”
-
Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата