Приход над илјада евра да се оданочува со 18 отсто, предлага МФ
Во април, како што беше најавено, ќе почне дебатата за воведување прогресивно оданочување.
Како што рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, се предлага за приход до илјада евра персоналниот данок на доход да остане ист, 10 отсто, додека за секој приход остварен над границата од илјада евра данокот да биде 18 проценти, а такви се околу два отсто од граѓаните во Македонија.
- Ова е првичниот предлог на Министерството за финансии што ќе биде ставен на јавна дебата. Предлогот е преточен и во предлог-законското решение кое ќе биде ставено на ЕНЕР за да можат граѓаните да го видат и да дадат свои предлози, сугестии и мислења, истакна Тевдовски на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“.
Според него, искуство со воведување прогресивен данок или, како што го нарече Тевдовски праведно оданочување, има Албанија која стапките на персонален данок ги зголеми на 13 и 23 отсто, а притоа не ја изгуби конкурентноста.
Во овој контекст, вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека мора да се направат длабински анализи зашто ако прениско се спушти прагот над кој би се променила даночната стапка, може да биде дестимулативно.
Ново на Сител
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје