Прифатен Акцискиот план за Проектот „Зајакнување на дневните болници“

Владата на денешната 71. седница го разгледа и прифати Акцискиот план за Проектот „Зајакнување на дневните болници“, и го задолжи Министерството за здравство на секои шест месеци до Владата да доставува информација за прогрес на активности од Акцискиот план, се до конечна реализација на Проектот.
Како што соопштија од владината прес-служба, Проектот „Зајакнување на дневните болници“ се однесува на концепт на воведување „one day surgery“(еднодневна терапија од областа) и други „out patient“ процедури без ноќевање и болнички престој на пациентите во случаи кога нема потреба од опсервација на состојбата на пацинетот.
- Во оваа насока ќе бидат изготвени упатства и ќе бидат адаптирани соодветни просторни услови во рамките на општите и клиничките болници каде постојат услови врз основа на направена проценка, се наведува во соопштението.
На денешната седница, Владата го именуваше поранешниот заменик-министер за здравство Гоце Чакаровски, за Национален координатор за здравство.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
