Прием во грчката Канцеларија за врски по повод Денот на независноста на Грција
Грчката Канцеларија за врски во Скопје денеска организираше прием по повод Денот на независноста на Грција, кој се поклопи со посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Македонија.
Шефовите на дипломатиите на двете земји, Коѕијас и Никола Димитров, кои претходно имаа средба и прес-конференција, во неформална атмосфера разговараа со голем број гости од политичкиот, економскиот и јавниот живот во Македонија.
Меѓу присутните беа претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, претатвници на политички партии и на дипломатскиот кор.
Грција Денот на независноста го одбележува на 25 март.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас престојува во дводневна посета на Македонија во обид да се приближат ставовите во однос на прашањето за името.
Ново на Сител
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР