При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица

На 13.02.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 44-годишната Е.Д. и А.К.(40), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај Е.Д била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна , извршен бил претрес со наредба од Основен суд Кавадарци во домот А.К,, при што биле пронајдени и одземени жолта грутчеста материја, епрувета со жолта материја, дигитална вага и црна грутчеста материја.
На 13.02.2026 во 15:50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Н.Ц.(32) од Велес. затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Исто така, со судска наредба, извршен бил претрес во домот на Н.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и пари.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
