При контроли во скопски угостителски објекти приведени 14 лица, кај нив пронајдена дрога
Ноќта на 30.04./01.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 14 лица, поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Притоа, кај А.Г.(21), С.Н.(24), С.Д.П.(25), А.З.(24), Х.Ј.(18), М.К.(23), А.Н.(28) била пронајдена марихуана, додека кај С.С.(18), С.В.(33), И.Т.(25), М.К.(29), Л.Н.(19) и К.М.(29) била пронајдена бела прашкаста материја, а кај Т.Б.(22) грутчеста материја, инаку сите од Скопје.
Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
