При конфликт на Корејскиот Полуостров во првите денови би имало стотици илјади загинати

Стотици илјади луѓе ќе загинат само во првите денови доколку на Корејскиот Полуостров избие оружен конфликт, без да биде употребено нуклеарно оружје, соопшти агенцијата Блумберг, повикувајќи се на американски извештај.
Според извештајот на Истражувачката служба на Конгресот на САД, доколку Северна Кореја „употреби само конвенционално оружје, бројот на загинати во првите денови на борбите ќе изнесува меѓу 30.000 и 300.000 лица“. При оценката авторите на извештајот ја имале предвид високата концентрација на севернокорејската артилерија долж границата, која вкупно би можела да истрела до 10.000 проектили во минута.
Службата предвидува и брза ескалација на конфликтот, во кој би можеле да бидат вклучени Кина, Јапонија и Русија. Во случај воените дејствија да станат посложени, не се исклучува можноста да се вмеша и САД.
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис, кој се наоѓа во посета на Сеул, изјави дека САД се подготвени за голем воен одговор доколку Пјонгјанг употреби нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво
-

МВР: Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200 000 евра
-

Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти
-

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
