-->
-->
При ископ на земја во двор во Гостивар најдени две артилериски гранати
-->
Пронајдени се две гранити при ископ на земја во двор во Гостивар. Експлозивните направи безбедно се подигнати и пренесени.
Од СВР Тетово информираат дека претпладнево во 10:30 часот, К.И.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека при вршење ископ во двор на улица „Илинденска“ во Гостивар биле пронајдени две артилериски гранати калибар 100 милиметри. Од првичниот увид се претпоставува дека експлозивните средства најверојатно потекнувале од Втората светска војна.
Извршен е увид, гранатите се фотодокументирани и подигнати за транспортирање од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
