Фудбал
29. November 2018 - 14:26

Преживеаните фудбалери на Чапекоензе го посетија местото каде се урна авионот: Од глетката едвај се воздржаа да не заплачат

Вчера се одбележаа точно две години од падот на авионот на бразилскиот клуб Чапекоензе во кој загинаа 77 луѓе меѓу кои и речиси целиот фудбалски тим на клубот.

Преживеаните фудбалери Алан Рушел и Џексон Фолман ја преживееја несреќата и продолжија со својата фудбалска кариера во истиот клуб.

Алан Рушел очекува дете со својата сопруга, а Џексон Фолман во меѓувреме се ожени.

Двајцата вчера го посетија местото на кое од пред две години го живеат вториот живот, а каде загинаа нивните соиграчи.