Презентиран третиот национален извештај пред Советот за човекови права на ОН во Женева
На 32-та сесија на РГ за Универзалниот периодичен преглед во Палатата на нациите во Женева, македонската владина делегација во чиј состав беа претставници на министерствата, во текот на вчерашниот ден го презентираше третиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед за имплементација на политиките поврзани со почитување на човековите права во Република Македонија.
Во воведното обраќање заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, истакна дека во периодот меѓу двата извештаја Република Македонија се соочи со сериозна политичка криза во која, меѓу останатите аспекти, беше загрозено почитувањето на основните човекови права.
-По надминување на политичката криза, новата влада (1 Јуни 2017) на исклучителен начин ги акцелерираше реформите во земјата преку идентификација на ургентни приоритетни области во насока на враќање на владеење на правото, како и реформи во правниот систем, безбедносни служби како и подобрување на медиумските слободи. Резултат е денешниот Извештај во кој е констатиран значителен прогрес, истакна заменик министерот за надворешни работи, Жерновски.
Повеќето земји на 32-та сесија го поздравија постигнатиот прогрес споредбено со претходниот извештај, а констатиран е напредокот во имплементација на активности во повеќе сфери: реформите во правосудството, подобрување на регулативата во однос на медиумите и обезбедување на плурален медиумски пазар, како и исчекорот во борбата против родова дискриминација и овозможување на еднаков пристап до социјални услуги за граѓаните од ранливите категории и ратификација на Истанбулската конвенција.
Делегатите на земјите присутни на 32-та сесија посочија дека се потребни повеќе напори во градење на институционални политики коишто ќе ја адресираат инклузијата на Ромите во општеството, а особено на децата Роми во образовниот систем.
Како понатамошни предизвици кои се адресирани до Владата на Република Македонија се брзо донесување и имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација, реформи во условите во затворите, како и борбата против корупцијата.
Вкупно 58 земји членки на ООН говореа во однос на Извештајот, во текстот ги издвојуваме препораките на дел од нив.
Соединетите Американски Држави се исклучително охрабрени од прогресот на Македонија во изминативе две години во насока на зголемена транспарентност и отчетност на независното судство, сепак се потенцира дека е потребна поголема борба против корупцијата со цел граѓаните да можат да ја вратат довербата во државните институции.
Претставникот на Франција силно го поздрави прогресот во однос на минатиот извештај во насока на рамноправен третман на сите граѓани на Република Македонија, а делегацијата на Холандија посебно го истакна моментот дека во Собранието на Република Македонија е формирана парламентарна група за борба против дискриминација на ЛГТБ заедницата.
Од Словачка е истакнат успешниот прогресивен пристап на Владата на Република Македонија кон принципот на владеење на правото, како и позитивни чекори во борбата против говорот на омраза.
Делегатот на Република Турција јасно посочи дека официјална Анкара целосно го подржува процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО и во ЕУ.
Презентацијата на третиот национален извештај на Република Македонија по универзалниот периодичен преглед, заврши доцна синоќа. Се очекува конечниот извештај за Република Македонија да биде усвоен од страна на Советот за човекови права на сесијата којашто ќе се одржи во Јуни 2019-та година.
Во финалниот извештај ќе бидат вметнати и препораките за Република Македонија за следниот пет годишен период.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра

