Презентиран проект за подобрување на општинските услуги во Кочани

Прокетот за „Подобрување на општинските услуги“ и неговите досегашни искуства од спроведувањето денеска беше презентиран во Кочани.
Презентацијата на проектот ја организира Источниот плански регион и на истата присуствуваше и Министерката за локална самоупрва Ширет Елези и градоначалниците од петнаесетте општини од источниот плански регион, кои со свои прокети учествуваа во овој прокет.
Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски, ја истакна подготвеноста на општината да аплицира со неколку прокети во подобрувањето на општинските услуги, во повеќе сегменти и тоа со прокети од комуналната и патната инфраструктура, изградба на водоснабдителни системи, управување со одпад и слично.
Министерката Елези истакна дека целта на овој пркет е подобрување на транспарентноста, финансиската одржливост и квалитетот на општинските услуги во општините учеснички во прокетот, преку обезбедување на финансиска подршка за реализација на капитални инфраструктурни проекти.
- За новиот програмски период од прокетот „Втор прокет за подобрување на општинските услуги“ финансисран со заем од Мегународната Банка за обнова и развој ќе бидат наменети 515 милиони евра, истакна Елези.
Беа презентирани и досегашните искуства од спроведувањето на прокетот како и најава за новиот програмски период на истиот и учество со прокети од страна на општините.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
