Презентиран нов модел за субвенциии во земјоделството и руралниот развој
– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денеска на брифинг со новинари презентираше нов модел за субвенционирање преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Моделот треба да биде комплетиран до крајот на годинава, а ќе почне со примена од 1 јануари следната година.
Со новиот предлог модел, како што рече Николовски, не се кратат финансиските средства за поддршка, ниту се оштетуваат земјоделците, туку средствата се прераспределени во повеќе програми за поддршка.
Првиот драфт предлог на овој нов модел содржи разграничување меѓу производно неврзаните и производно врзаните директни плаќања. Тоа значи, наведе Николовски, кај растително производство за сите земјоделци без разлика која култура ја произедуават да им се исплатат основните директни плаќања за површината што ја обработуваат, без разлика на приозведената количина. Тоа е еден дел од субвенцијата која ќе ја добиваат сите, потенцираше министерот.
Дополнителните плаќања, според предлогот, ќе се исплаќаат само на одреден број култури, кои како стратешки ќе се определат заедно со земјоделците преку потсекторските групи, и за тие култури при исплатата ќе биде зголемен и обемот на контрола од страна на Платежната агенција.
Министерот додаде дека новиот модел за субвенционирање дава приоритет на стратешки важни култури и производи за државата, процесот на добивање на финансиска поддршка се забрзува и се става крај на злоупотребите на финансиската поддршка.
-Денес најпрво предлог концептот го презентираме пред агро советот како највисоко тело за креирање на мерки во земјоделството. Понатаму, детално овој предлог ќе биде презентиран и отворен за предлози и забелешки за секоја подсекторска група во Министерството. Широкиот процес на консултации ги опфаќа сите земјоделци, земјоделски здруженија производители и стручната јавност, секој искрен предлог е добредојден, рече денеска Николовски.
Како што посочи, целта што сакаат ја го постигнат преку овој концепт е директните плаќања да бидат насочени кон долготрајна одржливост на активните земјоделци чија главна дејност е земјоделството, одржување на обработливите земјоделски површини и зголемување на производството на храна.
Министерот додаде дека постојните субвенции за земјоделците нема да се скратат, односно би биле распределени во повеќе програми за поддршка.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
