Презентиран нацрт ДУП за центарот на Гевгелија
Општина Гевгелија денеска јавно го презентираше нацрт деталниот урбанистички план за уредување на централното градско подрачје во планскиот период до 2020 година.
Од секторот за урбанизам истакнаа дека планот опфаќа уредување на простор со површина од 15,5 хектари на кои по уредување на комуналната инфра и супраструктура, ќе се градат наменски објекти за домување во станбени куќи и згради, големи трговски единици, објекти од културата, објекти за државната и локалната управа и ќе се уреди парковско зеленило.
Наредниве десетина дена ќе трае и јавната анкета за урбанистичкиот документ за уредување на центарот на Гевгелија. Во тој период сите заинтересирани граѓани и правни лица на анкетни листови писмено ќе можат да ги доставуваат своите забелешки, предлози и мислења за презентираните урбанистички решенија.
Анкетните листови се подигаат и доставуваат во архивата на локалната самоуправа во Гевгелија.
Ново на Сител
-
Андоновски: Со или без балансер правична застапност треба да има
-
Филипче: Власта има обврска да сподели информации
-
Наскоро нови 500 милиони евра од Унгарија
-
ДКСК: Синот на Мицкоски сам си платил за престојот во САД
-
Раскинат договорот со фирмата која ги хранеше војниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичари: Ако се укине балансерот, можни се турбуленции во политиката
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во тетовско Слатино