Презентацијата на физибилити студија за Попова Шапка недостапна за новинарите, невладините реагираат и на зачестеноста од такви анализи

Неформалната иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ во пресрет на денешната презентацијата на физибилити студијата од консултантската куќа „Прајс Вотерс Хаус Куперс“, реагира дека ова е веќе трета по ред ваква студија за Попова Шапка, за кои само за една се трошат по 200 илјади евра.
– Имаме документи од „Екон инвест“ кои направиле студија за 200 илјади евра и пред извесно време за 230 илјади студија направиле „Еко Сигн“. Знаеме дека и за оваа студија се потрошени околу 200 илјади евра добиени од Светска банка, изјави Хамди Сулејмани од „Да ја спасиме Попова Шапка“
Според правилата на компанијата „Прајс Вотерс Хаус Куперс“, не беше дозволено презентацијата на физибилити студијата да се следи од новинарите и да се прават аудио и видео записи.
– Знаеме дека има правила со авторски права, но и имаме право ние како граѓани преку вас медиумите да се информираме со детални информации. За жал се навикавме на вакви работи и затоа јавно апелирам да има можност да се следи постапката, изјави Сулејмани.
![]()
Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачески изјави дека тие како нарачатели ќе добијат првични информации за студијата.
– Денеска е почеток на формите кои понатаму ќе се развиваат. Како нарачатели понатаму ќе имаме и јавна дебата со сите заинтересирани и на крајот ние како друштво со Владата заедно ќе одлучиме што ќе се преземе од студијата, рече Ковачески.
На новинарско прашање за оправданоста да се прави нова студија, со оглед на посочените две претходни, Ковачески со одговор дека на сегашната компанија и се дадени сите студии и презентации.
– Имаше потреба за нова студија која точно и прецизно ќе укаже како да се развива Попова Шапка, рече Ковачески.
Според Ковачески, за конечното решение треба да се одбира од 7 до 9 варијанти.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
