Македонија
17. March 2018 - 9:17

Презентација на реновираната метеоролошка станица во Крива Паланка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски денеска ќе ја презентираат реновираната метеоролошка станица во Крива Паланка. 

На 5 декември минатата година на владина седница беше донесена одлуката да се санираат метеоролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка, како и поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.