Презентација на програма за деца со и без интелектуална попреченост

„Специјална Олимпијада Македонија“ денеска организира демо презентација на програмата „Млади атлети“, на која ќе бидат презентирани придобивките за децата со и без интелектуална попреченост, преку демонстрација на стекнатите искуства на групите од Скопје и Тетово каде оваа програма се спроведуваше изминатите четири месеци.
Програмата „Млади атлети“ е иновативна спортско - забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава.
Оваа програма, „Специјална Олимпијада Македонија“ веќе две години ја спроведува со неколку групи деца, а сега има за цел да ја вклучи и во инклузивните училишта во земјата.
Програмата „Млади атлети“ се спроведува со поддршка од Европската унија и УНИЦЕФ преку регионалниот проект, кој што е финансиран од Европската унија и кофинансиран од страна на УНИЦЕФ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“.
Ново на Сител
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
