Македонија
19. December 2024 - 8:15

Презентација на предлог за олеснување на плаќањето за јавен превоз за студентите

Форумот за образовни промени денеска во Студентскиот културен центар (СКЦ) ќе го презентира предлогот за олеснување на плаќањето за јавен превоз за студентите.

Како што најавуваат организаторите, говорници ќе бидат заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, пратеничките од клубот на млади пратеници Моника Зајкова и Драгана Бојковска, како и претседателот на Студентското собрание на УКИМ, Александар Николовски.