Презентација на истражувањето за идентитетите на студентската популација
Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј- Скопје денеска ќе презентира резултати од истражувањето во рамки на проектот „Идентитетите на студентската популација во Република Македонија“, реализиран во периодот од 2013 до 2015 година.
Целта на овој проект, како што објаснуваат од ИСППИ, е да се направи приказ на идентитетската определба на студентската популација во Република Македонија во услови на актуелните општествени и политички констелации. Ќе бидат презентирани резултати кои се однесуваат на состојбите во однос на колективните наспроти индивидуалните идентитети, како и степенот на религиозноста кај студентската популација во Македонија.
Резултатите ќе ги презентираат проф. д-р Ганка Цветанова и доц. д-р Бојана Наумовска, а во дискусијата се поканети да учествуваат академик проф. Катица Ќулавкова од МАНУ, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и проф. д - р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки, Скопје.
Презентацијата е во рамки на „Научната среда“, настан што еднаш месечно се одржува во Институтот, а на кој ќе бидат презентирани или ќе се дебатира за истражувања и проекти од научно и општествено значење.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата