Преземени мерки за изолирање на заразениот со Ковид-19 во Кичево
По информација за првиот резидентен случај во општина Кичево со коронавирус, која беше објавена од градоначалникот Фатмир Дехари, попладнево заседаваше Кризниот штаб кој донесе одлука да се преземат превентивни мерки во насока за изолирање на случајот.
Градоначалник Дехари, информираше дека по овој случај имал контакти со министерот за здравство, Институтот за јавно здравје во Битола и вработените во болницата, кои гарантирале дека сомнителните случаи се во изолација, како и дека сите членови кои имале контакти со заразениот со „Ковид-19″ ќе бидат тестирани.
Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, изразувајќи благодарност до граѓаните кои скоро три месеци биле пример за сите други градови, апелира да не се занемари оваа состојба, особено сега по олеснувањето на мерките. Тој побара жителите на Општина Кичево да покажат трпеливост, зрелост и грижа како до сега.
Тој информира дека е во постојан контакт со сите институции, во својство на шеф на Кризниот штаб и дека најдобриот лек или доктор за оваа пандемија е самодисциплината на секој од нас.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот