Преземаме стандардни мерки, реагира МВР на тврдењата на Јанкуловска дека е под опсада
Министерството за внатрешни работи презема стандарди полициски оперативни мерки и активности, коментираат од МВР во врска со обвинувањата кои ги упати поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска дека зградата во која живее е под опсада.
-Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот, велат од МВР.
-Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша Јанкуловска на својот Фејсбук профил.
Врховниот суд ги отфрли жалбите поднесени од осудените во случајот „Тенк“, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски и ги потврди пресудите изречени од Апелациониот суд.
Во Случајот Тенк, отворен од згаснатото СЈО, предмет на обвинение беше незаконски тендер за набавка на луксузен „мерцедес“. Јанкуловска со првостепената пресуда беше осудена на затворска казна во траење од шест години, а Апелација ѝ ја намали на четири. Поповски првостепено беше осуден на шест години и шест месеци, а Апелација му ја намали казната на четири. Поранешниот премиер Никола Груевски доби затворска казна во висина од две години.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
