Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер Сандево, полициски службеници запреле товано возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А., на возраст од 48 години, од скопското село Танушевци.
- При преглед и контрола во возилото, пронајдени биле 192 пакети со стока за што лицето не поседувало никаква докумантација. Поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, Е.А. бил лишен од слобода и заедно со возилото бил спроведен во полициска станица, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор