Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликти
Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Велес и Куманово вчера реализирале низа превентивни активности од области важни за локалната заедница и генерално од општ јавен интерес.
На подрачјето на СВР Скопје, односно во општина Сарај, соопштија денеска од МВР, била реализирана превентивна активност од областа на заштитата од пожари, а во тесна соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција. Идентична активност била реализирана и на подрачјето на СВР Битола, односно во Ресен, но од аспект на незаконската сеча на шумите.
На подрачјето пак, на СВР Велес фокусот на активности бил насочен кон сообраќајната безбедност, пред се на пешаците. На подрачјето на СВР Куманово, односно во Крива Паланка била спроведена активност за превенција од имотни деликти со посебен нагласок на едукативно информирање на повозрасните категории граѓани за формите на имотни деликти и за неопходноста од благовремена комуникација со полицијата за побрзо расчистување на случаите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат