Превентивна систематска здравствена дезинсекција во општина Ресен

Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола соопшти дека денеска и утре, екипи на Центарот за јавно здравје, на подрачјето на општина Ресен ќе ја реализираат третата фаза од систематската дезинсекција за уништување на комарци.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината Ресен, крајбрежното подрачје и туристичките локалитети Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, и населените места Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Штрбово и Наколец. Дезинсекција ќе се врши и околу каналсниот систем на општината Ресен, како и на локалитети со застојани водени површини.
Запрашувањето ќе се врши во перодот од 20 часот навечер, со апаратура за УЛВ ладно зашрашување, поставена на пикап возило со предводница на друго видливо означено возило со ротационо светло, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Ново на Сител
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
