Превентивна акција на СВР Струмица-„Биди подготвен за безбедно патување во зима“
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица денеска на повеќе локации на градот и околните населени места спроведоа превентивна активност во рамки на проектот „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Според Алаександра Трајанова, портпарол на СВР Струмица, задолжителното носење на зимска почна на 15 номеври и трае до 15 март следната година. Затоа полициските службенци од Полициските станици на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, на магистралните, регионални и локални патни правци, како и улиците во градовите и населените места на подрачје на Секторот, при контрола на возачите ги потсетуваат за оваа нивна обврска.
-Активноста ја продолжуваме и денеска на повеќе магистрални и регионални патни правци околу Струмица, при што во непосреден разговор со возачите и делење летоци со едукативна содржина ги информираме што се подразбира под зимска опрема, како и за потребата од нивно внимателно возење не само во време на снежни врнежи, туку и во период на ниски температури и појава на голомразица на коловозот. Воедно, возачите ги потсетуваме дека при секое констатирано непостапување по оваа законска обврска, ќе им бидат издавани прекршочни платни налози согласно член 361 став 4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој е пропишана глоба за ваквите прекршоци во висина од 45 евра, изјави Трајанова.
Полицијата апелира до сите возачи да ги почитуваат законските прописи и поставената сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози да ја намалат брзината на движење и да го прилагодат возењето на условите на патот, да држат безбедно растојание, да избегнуваат нагло запирање или забрзување на возилото, а се со цел за нивна безбедност и безбедност на другите учесници во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец