-->
-->
Превенција од малолетничко престапништво-тема на локален совет за превенција во Крива Паланка
-->
Локалниот Совет за превенција -Крива Паланка одржа состанок на тема превенирање на малолетничко престапништво со елементи на насилство за подрачјето на општината.На состанокот присуствуваа претставници од основните и средното училиште, домот за учениции, Меѓуопштински центар за социјална работа, претставници од ОО Црвен крст, Здравствен дом.
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, истакна дека локалната самоуправа како една од надлежните институции се вклучува во реализација на активности за превенција на малолетничко престапништво.
– Би ја нагласил потребата од зголемена меѓуресорска соработка во насока на континуирано следење на новите трендови на младите и вложување сопствени ресурси за изнаоѓање начини и реализација на конкретни активности за општествена одговорност на младите,за да влијаеме на превенирање на малолетничкиот криминалитет, рече Мицевски.
Командирот на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка, Дејан Маринковски, говореше за состојбата на подрачјето на општината.
– Во 2017 година се евидентирани десет деца за кривични дела, додека во 2018 година заклучно со октомври евидентирани се вкупно осум, од кои едно за предизвикување тешка сообраќајна несреќа со последица смрт, додека другите се по основ на тешки кражби, нагласи Маринковски.
Самостоен инспектор за јавен ред и мир при СВР Куманово, рече дека е важно да се посвети внимание и на непријавени случаи, да се внимава и на настаните каде децата можат да бидат жртви на насилство, дрога, проституција,потенцирајќи дека во установите се реализира проектот безбедни училишта за да може полесно да ги препознаат и да превенираат при малолетничка деликвенција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари

