Претставник на СЗО: Кина одбива да учествува во истрагата за потеклото на Ковид-19
Кина во повеќе наврати одбила барања на Светската здравствена организација (СЗО) да учествуваат во истрагите за потеклото на Ковид-19, изјави претставникот на СЗО во Кина, Гауден Галеа.
– Врз основа на сите достапни докази, колегите од СЗО во нашиот систем се убедени дека вирусот потекнува од Вухан и е природен, не произведен вирус“, нагласи тој.
– Знаеме дека е во тек национална истрага, но во оваа фаза не сме поканети да се приклучиме, изјави Галеа за Скај Њуз.
Тој додаде дека СЗО поднесува барања до здравствена комисија и надлежните органи и дека е многу важно да се утврди потеклото на вирусот.
– Приоритет е дека треба да знаеме што е можно повеќе за да спречиме повторување, рече Галеа.
Според него, СЗО не е во состојба да ги испита записите во две лаборатории што работат со вируси во Институтот за вирологија Вухан и ЦДЦ Вухан.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица