Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза на средба со министерот за финансии
Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза штотуку беа повикани на состанок со министерот за финансии. Пациенти со цистична фиброза денеска протестираат пред Министерството за финансии бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ за сите на кои им е неопходна.
Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар во изјава за медиумите претходно појасни дека протестот е пред Министерството за финансии, затоа што сметаат оти доколку се обезбеди буџетот, работите ќе бидат многу побрзи.
Неофицијално, како што изјави Гаспар, на Влада поминала одлука уште 18 пациенти да го добијат лекот.
- Тоа е за поздравување, но, ние го бараме за сите пациенти за да нема несигурност и страв кај пациентите. Ако е точно, ќе има страв дали се во таа бројка, кога ќе дојде за нив, подвлече Гаспар.
Во моментот, „трикафта“ примаат 12 лица.
Ново на Сител
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога