Претставничкиот дом на САД усвои резолуција против враќање на Русија во Г-7
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција во која се изјаснува против враќањето на Русија во Г-7. Резолуцијата е усвоена со 339 гласови „за“ и 71 „против“.
Резолуцијата нема сила на закон во САД, но е препорака до извршната власт, која не е должна да ја спроведе.
Во Резолуцијата се наведува дека Русија не треба да се врати во Г-7 „додека не почне да ја почитува територијална целост на своите соседи и не се придржува до стандардите на демократското општество“.
Резолуцијата претходно беше одобрена од Комисијата за надворешни работи.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го покани рускиот лидер Владимир Путин на следниот Самит на Г-7, што ќе се одржи во САД во 2020 година, истакнувајќи „дека има смисла да се разговара за многу меѓународни прашања со Москва“.
Додека претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека лидерите на последниот Самит на Г-7 не можеле да постигнат консензус за враќање на Русија. Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека постои можност за обнова на Г-8 ако има напредок во решавање на украинското прашање.
Претседателот на Владимир Путин наведе дека Москва е подготвена за дијалог и не ја исклучува можноста за обнова на Г-8, но оти тоа не е „само цел“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец