Претстави од Полска и Бугарија на претпоследниот ден на 42. МОТ
Две гостински претстави од Бугарија и Полска се на фестивалската програма на претпоследниот ден од 42. Млад отворен театар. Во Кино Култура од 20 часот ќе гостува театарот „Вокс попули“ од Софија со претставата „Мир со вас“, а од 22 часот во Младинскиот културен центар ќе настапи театарот КТО од Краков со претставата „Хор на сираци“.
Претставата „Мир со вас“, во режија на Неда Соколовска е создадена од раскази на бегалци, кои екипата на театарот „Вокс попули“ ги собирала лично од јануари 2016 година.
- Мигрантската криза во претставата се раскажува сама преку личните сведоштва на учесниците во неа: бегалци, мигранти и обични Бугари, кои имаат допир со странците. Како изгледа да бегаш од војна? Како се преминуваат границите? Каков е животот во бегалските кампови? Каде е толеранцијата? Постои ли воопшто? Каде е нејзината граница?..., соопшти МОТ во најавата за претставата.
Полската „Хор на сираци“ е претстава без текст. МОТ ја најавува како театарска сеанса со оркестар, сопран и актери. Автор, режисер и композитор е Јиржи Зон.
- Продукцијата инспирирана од романот „Боровинките на Ги Круси“ нè води во едно сиропиталиште каде што ќе видиме еден ден во животот на неговите жители. Сепак, ова не е емотивна приказна за сираците, туку универзална приказна за човечката осаменост, најавува фестивалот.
Во придружната програма на МОТ вечер од 23.30 часот во МКЦ концерт ќе има холандскиот бенд The Homesick. На сцената „Зебра“, пак, продолжуваат работилниците за современ танц на Скопје танцов театар.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари