Претставени шесте кандидати за македонски претставник на Евровизија 2022

Претставени шесте песни кои се во трка да бидат претставник на Македонија за овогодишниот Евросонг во Торино, Италија.
За претставник на Македонија се борат: Ris Flower, Kaly, Лара Иванова, Yon Idy, Виктор Апостоловски и Андреа.
Платформата за гласање е отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022.
Гласовите од онлајн гласањето се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).
Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.
Можете да гласате ТУКА.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
