Претставена годишната програма на Македонската опера и балет
Во Македонската опера и балет (МОБ) оваа година ќе има премиери на неколку опери и балетски претстави, а националната установа ќе одбележи 70 години од основањето и 40 години од Мајските оперски вечери. Годишната програма за 2017 година денеска на прес-конференција ја претставија уметничките директори на операта и на балетот Сони Петровски и Олга Панго.
Уметничкиот раководител на балетот Панго оцени дека 2017 година ќе биде најбогата во програмскиот дел и оти ќе има три премиери.
За април ја најави Балетската вечер на Август Борнонвил со три балетски делови инспирирани од Франција, Шпанија и Италија.
- Август Борнонвил е дански кореограф, и никој не може да го пренесува без авторски права. Кај нас тоа ќе го работи Френк Андерсен. Премиерата е планирана за април. Френк Андерсен е исто така Данец и долги години бил уметнички директор на Кралскиот балет во Данска, информираше Панго.
Премиера на претстава на Саша Ефтимова, МОБ планира за јуни, а за октомври планирана е премиера на два пократки балета што ќе ги работи кореографот Ицик Галили.
- Во октомври ќе дојде големиот кореограф Галиги, кој што по потекло е од Израел, но долги години својата кариера ја градеше во Холандија. Тој ќе работи два пократки балета, рече Панго.
За декември е планирана премиера на балетската претстава „Пипи долгиот чорап“, балет во еден чин.
- Годинава е новина тоа што Министерството за култура не поддржува и за балетски играчи од странство, досега беше само за први солисти. Ќе можеме да бараме играчи од странство, тоа што е дефициратно машки кадар во балетот, рече Панго додавајќи дека исто така продолжува и поддршката за набавка на шпиц-патеки и набавка на балетска опрема.
По повод 70.годишнината од МОБ ќе биде издадена монографија подготвена од Скубев и Марко Коловски, а ќе бидат реализирани и низа гостувања на операта и балетот во Велес и Куманово.
Операта го најави мјузиклот во чест на Тоше Проески „Тајно моја“, за која синоќа на „Кастинг талент шоуто" беа избрани победниците кои ќе настапат во главните улоги Антонија Гиговска и Денис Димоски.
Две од премиерите, како што најави Петровски, ќе се случат на Мајските оперски вечери и тоа Паљачи од Леонкавало и Кавалерија Рустикана - Маскањи, целокупно со македонска постава. За наесен се подготвува „Травијата“ од Верди, а за оваа опера МОБ е во преговори со германска режисерка.
На овогодинешните 40. Мајски оперски вечери ќе има гостувања од оперите и балетот од регионот и пошироко: Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија, Украина и Италија.
Планирани се два камерни проекти и тоа „Меѓу соништата и летови“ и Оф-опера - Мастерклас, рецитали циклусот „Зимско патување“ од Шуберт со Благој Нацоски и рецитал во кој ќе настапат Никола Стојчевски, Павлина Новаковска, Ирена Кавкалевска и Игор Дурловски.
Од следната недела на програмата ќе биде детската оперска претстава „Операта на шумските животни“, а МОБ ќе подготви уште една детска опера „Пролетна приказна“.
Планирани се и гостувања во странство и тоа балетот во Сплит, а операта е во преговори за гостување во Италија. А со операта во Нови Сад договорена е размена на солисти.
На 1 јануари беше одржан традиционалниот Новогодишен концерт „Руска бајка“, а потоа и концертот по повод Василица.
Ново на Сител
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?
-
Совети за стомачните грчеви кај бебето
-
35-годишен маж од Тетово си ја заклучувал и тепал сопругата
-
Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни
-
Инзаги: Прво би ја забележал играта на Интер, не резултатот
-
Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
-
Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж