Претставата за деца и млади „Убавицата и ѕверот“ в недела премиерно пред охридската публика

Уште една премиера на Народниот театар од Охрид, овојпат со детска претстава, преработка на бајката „Убавицата и ѕверот“ на Чарлс Перлт во режија на Ѓорѓи Ризески.
Како што беше истакнато на денешната прес-конференција по повод најновата премиера, особеноста во оваа поставка е во пристапот кон публиката односно кон децата и младите за кои таа е наменета пред се, оттаму што е конципирана и осмислена да го определува и нагласува реалниот момент во животот.
- Станува збор за високо сензитивна претстава, префинета театарска игра, љубовна драма, сработена на начин да не биде тенденциозна и да им кажува на децата што е добро а што лошо, туку да им ја претстави реалноста онаква каква што е, истакна директорот на Народниот театар Горан Стојановски.
Режисерот на оваа претстава Ѓорѓи Ризески за своето последно остварување вели дека самото дело „Убавицата и ѕверот“ е класика која со својата тематика е постојано актуелна и интересна за обработка.
- „Убавицата и ѕверот“ е доста познато дело, играно по театри и филмови, но нашиот пристап во обработката е низ драматизација што ќе ја обедини и разработи основната тема, дека убавината доаѓа од внатрешноста на луѓето, а не од надворешниот изглед. Да им покажеме на децата дека секој треба преку дела да се докажува колку е добар и какви треба да бидеме во животот. Добрината на човекот е избор, рече тој.
Актерот Ивица Цонев кој го толкува ликот на ѕверот, вели дека неговиот лик е доста поучен, дека во потрагата по доброто во човекот, по внатрешната убавина негова, со заклучок дека и најблиските треба да се сакаат и покрај неговите недостатоци.
- Лично како актер ја најдов провокацијата во тоа дека самите треба да разбереме дека внатре во себе сме и мали анѓелчиња, но и мали ѓаволи. Имам огромна привилегија што преку оваа улога и претстава можам да им кажам на младите луѓе дека и покрај тоа што светот честопати е неправичен, мора да се трудиме да направиме нешто добро и на тој начин да се спасиме себеси и да создадеме еден подобар свет за сите нас, рече Цонев.
Билјана Билаловиќ – Тодоровска која ја игра убавицата говорејќи за претставата истакна дека убавината е секогаш во окото на оној што гледа, дека кога човек е вљубен гледа преку срцето, а не низ разумот.
- Претставата обработува вечни теми како љубовта, среброљубието, конфликтитте меѓу внатрешните и надворешните вредности и приоритетите што ги избираме во животот и што е всушност она што не прави среќни како луѓе, рече таа, притоа нагласувајќи дека покрај длабоките пораки што ги носи, прес се нуди една голема забава за пуликата од сите генерации.
Актерската екипа во „Убавицата и ѕверот“ ја сочинуваат уште и Павел Маслов, Андријана Билаловиќ и Филип Кипровски. Премерната изведба на „Убавицата и ѕверот“ е в недела од 12 часот, на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Ново на Сител
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
-

Истрага против три лица за загрозување на животната средина со отпад во Охрид
-

„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
-

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век
-

САД и Данска постигнале напредок во спорот околу Гренланд, договорот ќе се потпише следната недела во Њујорк
-

Челзи претрпе тежок пораз од Брентфорд во Премиер лигата
-

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
